Врз основа на член 21 став 1 точка 34 в.в. точка 31 од Статутот на АД “Македонска пошта“ – Скопје, член 14 од Правилникот за издавање и продажба на поштенски марки и вредносници, предлогот поднесен од Бирото за филателија арх. бр.1003-20/23 од 18.02.2018 година и 8 и 10 од Деловникот за работа, Управниот одбор на Друштвото 06-от состанок одржан на ден 28.02.2019 година, донесе :
О Д Л У К А
Член 1
Управниот одбор на АД “Македонска пошта“ – Скопје имајќи во предвид дека согласно со Годишната програма за издавање на поштенски марки за 2019 година веќе се испечатени изданија на поштенски марки кои не се усогласени со последните Уставни измени и со новиот Закон за употреба на јазиците, донесе одлука за повлекување од употреба на следните изданија на поштенски марки и FDC – коверти прв ден :
назив на издание датум на издавање количина
според год. програм
Познати личности
-250 г. од раѓањето на Наполеон Бонапарта 28.02.2019 6000
FDC – коверти прв ден – Наполеон Бонапарта 200
-100 г. од раѓањето на Раде Јовчевски Корчагин 28.02.2019 6000
FDC – коверти прв ден – Раде Јовчевски Корчагин 200
-100 г. од смртта на Јашар Беј Шкупи 28.02.2019 6000
FDC – коверти прв ден – Јашар Беј Шкупи 200
Наука и откритија
-275 г. од смртта на Андрес Целзиус 14.03.2019 6000
FDC – коверти прв ден – Андрес Целзиус 200
-250 г. од раѓањето на Андре Жак Гарнерен 14.03.2019 6000
FDC – коверти прв ден – Андре Жак Гарнерен 200
Астрономија
-50 г. од лансирање на вселен. летало Аполо 11 21.03.2019 6000
FDC – коверти прв ден – вселен. летало Аполо 11 200
Сообраќајни средства
-стари кочии 04.04.2019 6000
FDC – коверти прв ден – стари кочии 200
Македонија во ЕУ
-Романија 25.04.2019 6000
FDC – коверти прв ден – Романија 200
-Финска 25.04.2019 6000
FDC – коверти прв ден – Финска 200
Член 2
Управниот одбор на АД “Македонска пошта“ – Скопје одлучи изданијата на поштенски марки и FDC – коверти прв ден наведени во член 1 на оваа одлука да се уништат во присуство и при надзор на комисија во состав :
- Драги Цветковски, Член на Управен одбор и Директор за маркетинг и продажба,
- Авдиљ Битиќи, Член на Управен одбор и Директор за економско и финансиско работење и
- Данчо Стојановски, Член на Управен одбор и Директор за информатичка технологија
кои се должни во најкраток рок да ја спроведат оваа одлука и да изготват записник за уништувањето на овие изданија на поштенски марки и FDC – коверти прв ден.
Член 3
Вкупната набавната вредноста на изданијата на поштенски марки и FDC – коверти прв ден наведени во член 1 на оваа одлука изнесува 19.392,00 денари и истата ќе биде на товар на трошоците на друштвото.
Член 4
Одлуката влегува во сила со денот на донесувањето.
Управен одбор
Претседател
Ejup Rustemi